Возач и совозач на возраст од 34 години загинаа во сообраќајка

Возач и совозач, двајцата на возраст од 34 години загинаа во тешка сообраќајка во Ресен. Сообраќајката се случила откако се судриле автомобил и комби. 

„На 11.03.2021 околу 13.40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Долна крстосница", се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес" со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(36) од Охрид и товарно возило „волво" со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(33) од с.Ваташа, кавадаречко“, велат од МВР.

Во тешката сообраќајка починале возачот и совозачот во автомобилот. 

„Во незгодата, од здобиените повреди на местото на настанот починале возачот Д.К. и Ј.Ќ.(34) од Охрид, сопатник во возилото мерцедесот“, додаваат од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе