Возач и мигрант ранети во нозете откако се обиделе да прегазат полицајци

Денес околу 06.00 часот на крстосница од пат с.Кравари – с.Оптичари, поради постоење основано сомнение дека се превезуваат мигранти, полициски службеници од Полициска станица Меџитлија се обиделе да сопрат патничко возило „порше", со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази, по што полициските службеници од огнено оружје испукале неколку истрели. Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш.С., кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.

„Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе