Тешка сообраќајка

Возач е повреден откако камион се преврте кај Битола

Во тешка сообраќајна несреќа кај Битола, повреден е возач. Според полицијата, вчера околу 16,10 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај местото викано „Црвен" товарно моторно возило ,,мерцедес" со битолски регистерски таблици управувано од С.С.(61) од Битола се превртeло.

Во незгодата С.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа во Ресен за укажување на лекарска помош.

Сообраќајот на делницата од Ресен до Макази поради истурен товар од товарното возило бил во целосен прекин од 16,20 до 21,30 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе