МВР

Војник се обидел да силува колешка во кумановската касарна

Вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков“, потврди денеска МВР.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила  вработената во АРМ.

„Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков" во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа“, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе