Војници навреме спасиле шест лица меѓу кои и две деца од пожарот во Дебар Маало

Професиопнални војници навреме спасиле шест лица меѓу кои и две деца од пожарот кој ноќеска избувнал во ресторанот „Мечка" во Дебар Маало.

Од АРМ за МИА информираат дека војниците го забележале пожарот во 2.50 часот. Професионален војник кој бил дежурен на пријавницата на ГШ на АРМ видел дека на вториот кат од објектот има луѓе кои бараат помош.

Веднаш била известена противпожарната служба, брзата помош и МВР. Десет припадници на Армијата со скала се упатиле кон опожареното место и до 3.05 часот евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца.

Во гаснењето на пожарот во ресторанот учествуваа 18 пожарникари со осум возила, а според Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, биле запалени и три автомобили сопственост на С.Б., Г.Р. и  А.М., кои биле паркирани пред објектот.

 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе