Контрола поради кршење на здравствените протоколи

Во Желино лишени од слобода 13 девојки и сопственик на кафеана

При контрола во угостителски објект во Желино било констатирано дека се прекршени здравствените протоколи - биле затекнати 19 гости и 13 девојки кои ги забавувале гостите. Осум биле државјанки на Албанија, пет на Македонија. Сопственикот и девојките се лишени од слобода, информира МВР.

Синоќа во периодот од 22.15 часот до 23.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во селото Желино, сопственост на З.С.(49) од селото.

„При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за време на епидемија. Во објектот биле затекнати 19 лица - гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат“, информира МВР.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе