Непочитување на мерките во Тетово

Во затворен угостителски објект затекнати 50 гости, поднесена е кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице - угостителски објект од Тетово и физичко лице за работа во затворениот дел на објектот и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, соопшти попладнево МВР. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и М.А.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

На 17/18.06.2021 полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека работи затворениот дел на објектот и во него биле затекнати 50 гости и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе