Во возило на скопјанец откриени тројца мигранти од Куба

31-годишниот Ф.А. од Скопје, вчера бил лишен од слобода откако полицијата при контрола во возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, пронашла тројца мигранти од Куба.

Во 21.10 часот синоќа на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје.

„При контрола во возило ‘фолксваген венто‘, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Куба – Д.Х.А.А.(31), М.Р.Ј.А.(25) и И.Ц.В.А.(27). Лицата биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе