Во возило на скопјанец откриени четворица мигранти

Синоќа на автопатот А1 Гевгелија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(53) од Скопје  откако во неговото возило биле пронајдени четворица мигранти.

„При контрола во патничко моторно возило ‘фолксваген пасат‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ., биле пронајдени четири лица илегални мигранти од Сирија. Љ.Ѓ. бил предаден во Полициска станица Неготино за понатамошна постапка. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле екипи од Регионален центар за гранични работи Југ и Полициска станица Неготино“, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе