Истрагата е во тек

Во вооружениот грабеж во Тутунска банка во Ѓорче Петров одземени 8.700 евра

Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета, велат од Банката.

Во вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров одземени се 8.700 евра, информираат од Банката

Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

НЛБ Банка континуирано работи на подобрувањето и зголемувањето на безбедносните и сигурносни стандарди во работењето, со цел заштита на своите клиенти и вработени. Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета, велат од Банката. 

Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020 година, стои во соопштението од Тутунска. 

НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе