Во водите на вештачкото езеро Подлес се удави 51-годишен жител на Градско

Во водите на вештачкото езеро вчера доцна попладне, околу 18 часот, се удавил 51-годишниот Т.М жител на Градско. Тој со семејството бил на излет покрај езерото, влегол да се излади, но се удавил, а по некое време неговото тело било на површината на водата, потврдија од СВР Велес.

Како што информира д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом, нивна екипа на Итна помош околу 18 часот била повикана кај Подлешко езеро. Кога стигнале, телото веќе било извадено, а тие констатирале смрт поради давење во вода. Увид во настанот направила екипа на СВР Велес.

По наредба на обвинител телото било предадено на семејството.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе