Во Велешко езеро се удави 28-годишно момче од Скопје

28 -годишно момче се удави попладнево во водите на велешкото езеро „Младост. Несреќата се случила околу 16 часот, кога момчето кое било од Скопје, заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“.

Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала противпожарната единица до Велес.

Телото го пронашле пожарникарите околу 17 часот, а докторите од велешката брза помош ја констатирале смртта. На местото увид прави јавен обвинител, кој треба да одлучи дали ќе издаде наредба за обдукција на телото на удавеното момче.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе