Во Велес приведено лице поради палење автомобил

Велешката полиција вчера по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Велес изврши претрес во домот на Ѓ.П. во село Ореше поради сомневање за извршени кривични дела недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали по член 396 и предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ.

При претресот пронајдени се предмети поврзани со истрагата, а лицето е приведено во ПС Велес. Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „опел зафира“ на 3 мај во Ореше.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе