Во Велес притвор заради обид за убиство на 58-годишна жена

Oсновното јавно обвинителство Велес поведе истражна постапка против 73 годишно лице од Велес за обид за убиство.

Пред два дена осомничениот се обидел да ја убие 58 годишната сопруга. Тој почнал вербална расправија со жена му која била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Мажот извадил два големи ножа и замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи ѝ се дека ќе ја заколе. Жена му го викнала синот кој го удрил  осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите.

Јавниот обвинител од велешкото обвинителство побарал притвор за осомниченото лице, а предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе