Во угостителски објекти во Скопје приведени 12 лица кај кои била пронајдена дрога

Марихуана и бела прашкаста материја ноќеска е пронајдена кај 12 лица од Скопје, Битола и Прилеп при контрола на полицијата во неколку угостителски објекти во Скопје. Лицата, кои биле на возраст од 22 до 48 години се приведени.

Од МВР соопштија дека ноќеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица.

„Кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26)  од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана“, пишува во полициското соопштение.

Лицата биле приведени, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе