Во угостителски објекти во Скопје најдена дрога, приведени се 7 лица

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќта помеѓу 16 и 17 јуни извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода. 

Имено, кај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28), сите од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана. 

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе