Во угостителски објект во Тетово приведени танчерки

Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ биле затекнати девет жени, танчерки на возраст од 22 до 44 години кои ги забавувале гостите, од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири наши државјанки.

Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници.

„На 10/11.07.2021 година во времето од 23:50 до 01:00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ“, информираат од МВР.

Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе