Синоќа во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат во селото.Добрашинци, струмичко, патничко возило „фолксваген голф", со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од селото.Ангелци, струмичко, излетало надвор од коловозот.
„Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците В.Н.(20) и С.Н.(19), двајцата од селото Градошорци, струмичко, а со телесни повреди се здобиле М.С.(19) од селото Ангелци и возачот А.Д., констатирани во Општата болница во Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица“, информира МВР.
Малку пред 2 часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Војвода Васил Чакаларов", патничко возило „рено", со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(58) од Скопје, излетало од коловозот.
„По несреќата Љ.К. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза", каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.