Во товарно возило пронајдени мигранти

Царински службеници вчера во товарно возило на граничниот премин „Богородица“ пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет деца.

„На граничниот премин „Богородица", на царинскиот терминал, вчера во 12 часот царинските службеници во товарно моторно возило „Волво" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С. (47) од Делчево, пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет деца“, соопшти МВР.

Мигрантите, како што се наведува во полицискиот билтен, биле пренесени во транзитен центар за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот. 

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе