Во товарен воз на Табановце откриени четворица мигранти

Четворица мигранти од Авганистан биле откриени ноќеска после полноќ на желаничкиот премин Табановце во товарен воз кој сообраќал од Грција кон Унгарија. 

„Ноќеска после полноќ на Граничниот премин Табановце, вработени во МЖ-Транспорт пријавиле дека на излез од Македонија во товарен воз кој сообраќал на релација Грција-Унгарија забележале тропање во некој од контејнерите. Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан, А.Б.К.(20), O.M.(30), A.З.(19) и С.И.(33)”, информира МВР.

Тие биле однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе