„Полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил Н.Д. неговата 73-годишна мајка.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција, информира портпаролот на СВР Тетово“, Марјан Јосифоски.
Во текот на денов осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.