Во Тетовско изгореа куќа и плевна

Двокатна куќа и плевна утринава изгореа во пожар во тетовското планинско село Вешала утринава.  Во куќата не живеел никој и нема повредени лица.

„Пријавен е пожар во 7 часот и 45 минути во село Вешала, сопственост на 55 годишна жена од истото место. При пожарот целосно изгореле двата објекти, при тоа нема повредени. На пожарот интервенирале пожарникарите од тетовската териотријална противпожарна единица и огнот е локализирани и ликвидиран“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на денот ќе се врши увид од полициските службеници на СВР Тетово.

Вчера пожарникарите интервенирале и на пожар на отворено во селото Прељубиште. На 5 март во Стенче изгоре двокатна куќа, каде исто така никој не живеел и немаше повредени. 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе