Во Тетово приведени пет лица за кражба, напад врз полицаец

Полицајците вчера привеле пет лица во Тетово од кои четворица се жители на други места поради кражба, агресивност кон полицајци и откриена дрога.

„Околу 11 часот и 35 минути, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Илинденска “ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 27-годишната гостиварка М.И. и 45-годишниот скопјанец Д.Г., поради сомневање дека на 29 август околу 18 часот и 50 минути  извршиле разбојништво во аптека на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.  Двајцата се задржани во полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следува соодветна пријава“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Поради напад врз полицаец вчера попладне е приведен 44 годишник од Тетово.

„Околу 15 часот и 20 минути на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Г.И., кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејства во непосредна близина и притоа физички нападнал и еден полициски службеник. Г.И. е задржан во полициската станица Тетово и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува поднесок“, информираше Јосифоски.

Вечерта околу  21 часот и 45 минути во тетовско Горно Седларце, полицајци на СВР Тетово ги привеле С.Ф. (32) од гостиварско Беловиште и А.У. (32) од Скопје. При нивен преглед била пронајдена бела прашкаста материја. 

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе