Во Тетово пожар избил во возило со тригодишно дете внатре

Во Тетово на улицата „Илинденска" на паркинг избувнал пожар во патничко возило „ауди А-3" со тетовски регистерски таблици на А.Н. (42) од село Ларце-Желино

Возачот А.Н. го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете. Во  еден  момент, од  возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот за кратко се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен. 

Пожарот  бил  изгаснат од страна на  екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово. Причинета била материјална штета од околу 240.000  денари. Увид  на местото на настанот бил  извршен  од  страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување  на  настанот.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе