Опасност од „дивите“ возачи

Во Тетово и Гостивар возачи без возачки дозволи возат комбиња и автобуси со патници

Возач од тетовското село Јажинце без положен возачки испит бил откриен од полицијата додека управувал автобус со патници, минатиот месец во Тетовско.

Ова не е единствениот случај зад воланот да управуваат лица што немаат положено возачки испит, а неретко токму овие возачи се учесници во сообраќајни несреќи со сериозни последици.

Во тетовското подрачје во просек месечно се откриваат околу 100 „диви“ возачи. Според полициската статистика, во изминатите шест месеци на подрачјето на СВР Тетово биле откриени вкупно 597 „диви“ возачи, или во просек по стотина месечно.

„Полицијата на СВР Тетово годинава секојдневно запира и открива значителен број возачи без положен возачки испити, и возачи со невалидна дозвола, односно дозвола со несоодветна категорија, возачот да има „Б“ категорија, а да управува автобус или камион. Во изминатите шест месеци, на тетовското подрачје откриени се вкупно 597 диви возачи, или полицијата месечно откривала по стотина возачи без возачка дозвола. Во истиот период, на гостиварското подрачје биле фатени 521 див возач“, вели Марјан Јосифоски, портпарол во СВР Тетово.

Јосифовски вели дека во овие случаи станува збор за лица што управуваат автомобили, мотоцикли, а неретко се наоѓаат и зад воланот на камиони, но и комбиња и автобуси за превоз на патници.

Според статистиката, најмногу од откриените возачи се на возраст од 17 до 30 години, а од нив имало и возачи што предизвикале сообраќајки со сериозни последици.

Редовните акциски контроли во август на тетовското подрачје откриле 135 несовесни возачи без возачки дозволи. Во Тетовско дневно во просек се откриваат по околу десет возачи што немаат положено возачки испит.

„СВР Тетово во континуитет посебно акцент им става на контролите за откривање и санкционирање на овие возачи. Контролните активности повеќе месеци наназад се со зголемен интензитет и динамика. Апелираме дека управувањето без возачка дозвола е спротивно на законот на безбедност на патиштата член 225 и за овој прекршок е предвидена парична глоба од 300 евра во денарска противвредност, а толку изнесува и глобата за сопствениците на автомобилите што им ги даваат возилата иако знаат дека немаат положено возачи испит“, вели Јосифовски.

Според Јосифовски, карактеристично е што оваа појава за жал има негативен нагорен тренд и покрај преземените превентивни и контролни активности години наназад. Од полицијата велат дека вина имаат и родителите и најблиските што со или без нивно знаење придонесуваат деца да управуваат без положен возачки испит, а ова посебно се однесува на тинејџери.

„Карактеристично е што меѓу дивите возачи се среќаваат малолетници, но многумина од нив се и повторници. Се случува да фатиме некој што претходно бил сопрен и казнет, но не извлекол поука од тоа и повторно го прави истиот прекршок“, вели Јосифовски

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе