Сите возачи кои ги прекршиле правилата веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени се законски предвидените поднесоци, а ќе се соочат и со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност.
„Двајца од возачите кои одбиле алкотестирање ќе бидат санкционирани со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на сите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци“, се вели во соопштението.
Министерството информира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до возачите да не управуваат со возилото под дејство на алкохол, бидејќи ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.