Во тешка сообраќајка во Дебар, седум лица се повредени, двајца потешко

На излезот од Дебар, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на објектот на поранешната Електродистрибуција, попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа, во која се повредени седум лица, од кои две потешко.

Во несреќата, како што објави МИА, учествувале две патнички моторни возила, едното од Дебар, а другото од село Новак, општина Центар Жупа.

„По дојава од граѓанин веднаш на местото на настанот испративме возило за брза помош. Повредени се седум лица, од нив две потешко, додека петмина се со полесни повреди. На сите им е дадена соодветна здравствена услуга. Еден од повредените, жител на Дебар, кој имаше тешки повреди е транспортиран во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија ‘Свети Еразмо‘ во Охрид, додека жена од Новак, е под наша опсервација во хируршкото одделение, но доколку има потреба и неа ќе ја транспортираме во друга соодветна установа“, изјави Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар.

Останатите пет лица се соодветно третирани и се во добра здравствена состојба, но поради стресот што го преживеале, според Алили, ќе останат неколку часа во болницата, по што ќе заминат во своите домови.

На местото на настанот се врши увид, а сообраќајот се пренасочува.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе