Во тешка сообраќајка повредени се пет лица

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“.

Фото: Пиксабеj

Несреќата се случила помеѓу „цитроен", управуван од И.Ј.(57) од Битола и трактор „ИМТ 539", без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Г.П.(45) од с.Подмочани, ресенско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј. и уште тројца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеj

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе