Во тепачка во гостиварско Форино малолетник прободен во грб

Малолетник во гостиварско Форино бил прободен во грб во тепачка со други малолетници по што бил пренесен во гостиварската болница. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот.

Според СВР – Тетово, како што јави МИА, синоќа во 22.30 часот било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. Претходно имало вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу тројца малолетници.

Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи – Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговор со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.

 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе