Во Скопје

Во текот на изминатиот ден девет сообраќајки, едно лице се здобило со тешки телесни повреди

„Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а седум лица поминале со телесни повреди“, информираат од МВР.

Од преземените сообраќајни мерки и активности утврдено е дека: 13 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, шестмина возачи се санкционирани поради минување на крстосница на црвено светло, по еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци и неправилно престројување, тројца возачи на моторцикли се санкционирани поради неносење заштитен шлем а 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Покрај ова од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои 12 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца - затоа што биле возачи почетници.

Исто така, од сообраќај се исклучени уште 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците, санкционирани се 17 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе