Во судир на трактор и кола тројца повредени

Синоќа во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Нижеполе се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, управуван од З.Б.(61) од с.Карамани, битолско и патничко возило „опел фронтера“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(29) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Б., додека Д.Ч. и неговата сопатничка А.Ч.(25) од Битола се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа од Полициската станица Битола.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе