Хроника

Во судар на три возила на патот Скопје - Козјак загина едно лице

Едно лице загина, а шест се повредени во судар на три автомобил што се случил синоќа на патот од Скопје кон ХЕЦ „Козјак“.

Синоќа во 21,00 часот било пријавено дека на регионален пат Скопје- ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило "опел корса" со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Скопје, патничко моторно возило "форд фокус" со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(30) од Скопје и патничко моторно возило "фолксваген голф" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Скопје.

На местото на несреќата починал возачот М.М., а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото "опел корса" Б.С.(24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото "форд фокус" констатирани во Комплексот клиники "Мајка Тереза" и Градската општа болница "Св.Наум Охридски". Со телесни повреди се здобила Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К.(31) и двајца малолетници констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза".

Извршен бил увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе