Во Битола

Во судар на автомобил со локомотива повредени две деца и нивната мајка

Во судар на автомобил и локомотива повредени се деца на возраст од 2 и 5 години, како и нивната мајка, а едно од децата ќе биде пренесено на лекување на скопските клиники.

Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди. Незгодата се случила околу 8 часот изутрината во градското подрачје во населба „Карпош", во непосредна близина на ОУ „Коле Канински", каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и локомотива.

Во железничката сообраќајна несреќа повредени се децата на возраст од 2 и 5 години кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола, но здравствените власти посочуваат дека двегодишното дете ќе биде транспортирано на клиниките во Скопје.

СВР-Битола поведе истрага за овој случај.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе