Во струшко приведени се две лица за бесправнa сеча на дрва

Во координирана акција со цел фаќање на сторители на нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, полицијата на локалниот пат помеѓу струшките села Боровец и Лакавица, кај месноста „Равење“, сопрела товарно возило во кое без документација се превезувале 14,2 кубни метри огревно дрво.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во акцијата се приведени две лица, меѓу кои вработен во ШПС „Јабланица“, кој се обидел да пополни испратница и да му овозможи на превозникот документ за легален транспорт, но бил спречен од полициските службеници.

Во акцијата, спроведена на 28 јуни, околу 13 часот, како што информираат од МВР, учествувала полицијата, шумската полиција и претставници на подрачната единица на Министерството за шумарство и водостопанство.

„Сопрено е товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Х. (53) од селото Велешта, во кое, без документација се превезувале 14,2 метри кубни огревно дрво. Сопатникот во возилото, Т.Д. (45) од Вевчани, вработен во ШПС „Јабланица“, се обидел да пополни испратница и да му овозможи на превозникот документ за легален транспорт, но бил спречен од полициските службеници. Од него се одземени два кочани со испратници и еден чекан за жигосување дрва“, се вели во соопштението од МВР.

По наредба на јавен обвинител  двајцата се приведени, извршени се претреси во домот на Т.Д. како и во Шумското претпријатие „Јабланица“, а товарното возило и дрвната  маса се предадени на Шумската полиција. По целосно документирање, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава. 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе