Во струшко повредено дете пешак, го удрила кола

Малолетник од струшкото село Лабуништа е тешко повреден откако синоќа го удрило „пежо“ управувано од 24-годишник од истото село, соопшти МВР.

„На 15.04.2021 околу 18.00 часот на пат во с.Лабуништа, струшко, патничко возило ‘пежо‘, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од с.Лабуништа, удрило во малолетен пешак од истото село. По незгодата, пешакот бил пренесен во Специјалната болница ‘Св.Еразмо‘, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, стои во полицискиот билтен.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе