Во Стар Дојран приведен криумчар на мигранти

Полицијата од Стар Дојран вчера го приведе П.К. (26) од село Јосифово за криумчарење на мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Околу 2:40 часот на магистралниот пат делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“, полициските службеници забележале како од неговото возило „БМВ“ излегле мигранти, по што се дал во бегство. Набргу, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија и три од Пакистан. Тие се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија“, се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе