хроника

Во сообраќајни несреќи тешко повредени велосипедист и возач на тротинет

Вчера во Скопје тешко се повредени велосипедист и возач на електричен тротинет. Во одвоени несреќи во нив удриле автомобили, по што повредените се пренесени во болница.

Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Љубљанска" во Скопје, патничко возило „тојота", со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(33) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Ф.Н.(51) од Скопје. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември". Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 16.45 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански" и ул.„23 Октомври" во Скопје, патничко возило „цитроен", со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(24) од Скопје, удрило во електричен тротинет, управуван од М.Д.Ј.(45) од Скопје. Во незгодата М.Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски". Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Во соопштението од МВР стои и дека вчера во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.С.(33) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ" нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Синоќа во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола патничко возило „мерцедес", со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(48) од Прилеп, удрило во куче скитник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Б.(50) од Прилеп, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе