Во сообраќајки во Скопје повредени 15 лица

Седум лица биле тешко, а осум полесно повредени во вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај биле исклучени 21 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

Исклучени биле и четири нерегистрирани возила и едно возило за претовар.

За непрописно паркирање биле издадени 51 казна, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 45 возила.

Полицијата казнила и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи кои не користеле заштитен шлем  на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, еден возач за неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.  

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе