MВР

Во сообраќајката кај Драчево сите петмина загинати биле во „реното“

Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ на влезот од скопската населба Драчево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј. (44) од Скопје, и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л. (43) од Скопје.

Возачот Ј.Л. и сопатниците во возилото „рено“, С.Н., А.Т. (54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А. (40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Возачот на камионот М.Ј. добил повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што му била дадена лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Како што соопшти обвинителството, според увидот, „несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил 'рено 5' со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од добиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе