Во сообраќајка во тетовско Порој едно лице е потешко повредено

Едно лице е потешко повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера попладне во с.Порој, на патот Тетово-с.Јажинце, информира МВР.

Вчера во 17.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце во с.Порој се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Д (36) од Тетово и патничко моторно возило „тоуран“ со тетовски регистарски ознаки управувано од М.М.(60) од с.Слатино. Во незгодата возачот М.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе