Во сообраќајка тешко повреден државјанин на Косово

Едно лице, жител на Косово, е потешко повредено во сообраќајка што се случила вчера на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и сервисната улица „Качанички пат“, соопшти МВР.

Сообраќајна незгода била помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(22) од Скопје, и патничко возило „форд“, со косовски национални ознаки, управувано од Б.Ч.(54) од Р. Косово. Во незгодата, Б.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе