Во сообраќајка повредени се пет лица

Пет лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево – Охрид. Според пријавеното вчера во 11.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу с.Издеглавје и с.Песочани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса", со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(34) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат", со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.Ќ.(51) од Скопје.

Во незгодата, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а Х.В.(23) од Куманово, сопатник во возилото „опел корса", М.С.Ќ. и уште двајца малолетни сопатници од возилото „фолксваген пасат" се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата "Св.Еразмо" Охрид и Општата болница Охрид, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе