Кај тетовската патарина

Во сообраќајка повредени пет лица од кои едно 2-годишно дете

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Гостивар - Тетово во близина на тетовската наплатна станица повредени се пет лица меѓу кои и едно двегодишно дете.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски денеска изјави дека несреќата се случила вчера околу 14 часот кога патничко возило ауди со австриски таблички загубило контрола и излетало од патот удрирајќи во заштитната ограда.

„Од излетувањето и удирањето во заштитната ограда со телесни повреди се здобиле возачот, трите сопатнички на возраст од 22, 27 и 48 години и едно двегодишно дете. Со друго возило тие биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината и поединостите во врска со несреќата. Првично причина за несреќата е неприлагодената брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 150 илјади денари“, изјави Јосифовски.

Возилото го управувал 29-годишниот К.А. а во сообраќајната незгода причинета е и материјална штета од околу 150 илјади денари, јави МИА.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе