Во сообраќајка кај Кратово загина 22-годишно момче, тројца се повредени

Дваесет и двегодишно момче од Кратово загина во сообраќајна несреќа која вчера се случила на локалниот пат од селото Железница кон селото Крилатица.

„Вчера во 18,15 часот било пријавено дека на локален пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци" во атар на с.Крилатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф" со кратовски регистарски ознаки управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно возило „голф" со кратовски регистарски ознаки управувано од М.Д.(29) од с.Талашманци,кратовско. Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди“, велат од МВР.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе