Во скопски локали приведени 14 лица кај кои е најдена дрога

Ноќeска при контрола на угостителски објекти полицијата од Единицата за недозволена трговија и од Единицата за интервентна полиција лиши од слобода 14 лица поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".

Како што информира МВР, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23), А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33), И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја, инаку сите од Скопје.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе