Во Скопје за еден ден казнети 411 возачи, од нив 83 за брзо возење

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 кази, информира МВР.

Од вкупниот број казни 83 се за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, а 69 за непрописно паркирање. Со „пајак“ биле подигнати 61 возило, а 32 казни се изречени за неносење на заштитна маска.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе