Во Скопје за еден ден имало 10 сообраќајки, еден пешак бил потешко повреден

Еден пешак е потешко, а седум лица се полесно повредени во седум од вкупно 10  сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје. Во три сообраќајни незгоди, пак, е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, 21 возач пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четири возачи почетници, пет возила кои биле технички неисправни, едно возило за претовар и 21 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање казнети се 99 возачи, а со „пајак“ подигнати се 66 возила.

Според информациите од СВР Скопје, четворица пешаци се казнети за поминување коловоз вон пешачки премин, двајца возачи за поминување крстосница на црвено светло, еден возач за не давање првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и седум возачи за неправилно престигнување.

Казнети се и 12 возачи за некористење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, девет за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно визло и 29 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе