Во Скопје вчера се случиле девет сообраќајки, од кои една со загинато лице

Во текот на изминатиот ден (19.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една железничка незгода со загинати лица, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот и четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 36 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои: еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 12 возачи поради неносење сигурносен појас и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 118 мандатни платни налози и 74 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе