Во Скопје вчера од сообраќај биле исклучени 24 возила

Вчера во Скопје при контрола на полицијата биле регистрирани 45 случаи во кои возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исклучени од сообраќај се и 24 возила бидејќи 21 возило биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, осум возачи поради неносење заштитен шлем при управување со моторцикл, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и четири пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 144 мандатни платни налози и 82 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе