Меѓу нив за возење без возачка дозвола казнети се 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 128 прекршоци, откриени се технички неисправни и нерегистрирани 11 возила, казнети се 9 мотоциклисти, изречени се 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152).
Од МВР информираа дека во Скопје изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.